Регионите во САД со ниска стапка на инфекција можат безбедно да ги ублажат ограничувањата против пандемијата, но стапките низ целата земја се уште се превисоки, изјави за Си-Ен-Ен, Ентони Фаучи, директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести.

Фаучи кажа дека очекува американскиот Центар за контрола и превенција на болести на крајот да укине некои од насоките откако се повеќе луѓе ќе бидат целосно вакцинирани, под услов нивото на инфекција да почне да се намалува.

-Не верувам дека ЦДЦ ќе даде препораки за релаксација кога имаме просечно 60.000 инфекции дневно, рече Фаучи.