Манчестер Jунајтед и Барселона се заинтересирани за 21-годишниот играч од средниот ред на Бенфика, Енцо Фернандез.

Advertisements

Според португалскиот „Рекорд“, Барселона во Фернандез гледа идеална замена за капитенот Серхио Бускетс. Од друга страна Манчестер јунајтед му бара партнер на Каземиро, бидејќи Мектоминеј и Фред играат во променлива форма.

„Несомнено, Енцо Фернандез стана едно од откритијата на Лигата на шампионите. Аргентинскиот играч за врска предизвика восхит поради начинот на кој ја води играта. Се покажува дека неговата цена ќе биде висока затоа што нема многу такви играчи“, пишува каталонски „Спорт“.

Овој извор и претходно пишуваше дека Барселона го следи развојот на Фернандез во уште додека тој беше во Ривер Плата. Минатото лето за сума од 12.000.000 евра тој се пресели во Бенфика.

Според „Трансфермаркт“, Фернандез вреди 35.000.000 евра. Неговата откупна клаузула изнесува 120.000.000 евра. Договорот на Фернандез е до 2027 година./Makfax/

Прикажи повеќе