Европскиот суд за човекови права денес донесе пресуда во која се наведува дека задолжителната вакцинација е легална и оти може да биде неопходна во демократските општества.

Пресудата беше донесена по жалбата на неколку чешки семејства до судот поради задолжителна вакцинација на деца.

– Advertisement –

„Целта мора да биде да се заштити секое дете од сериозни болести, со вакцинација или со имунитет на стадо“, се вели во пресудата.

Иако пресудата не се однесува директно на вакцините против вирусот корона, експертите сметаат дека тоа може да има импликации и врз таа вакцина, особено кај луѓето кои досега одбиваа да се вакцинираат, пренесува РТЛ.

Прикажи повеќе