Европскиот суд за човекови права денес донесе пресуда во која наведува дека задолжителната вакцинација е легална и дека тоа може да биде потребно во демократските општества.

Пресудата е донесена поради жалбите на неколку чешки семејства до судот поради задолжителна вакцинација на деца, пренесува Дојче веле.

Иако пресудата не се однесува директно на вакцините против коронавирусот, експертите сметаат дека тоа може да има импликации врз таа вакцинација, особено кај луѓето кои досега одбиваа да примат вакцина.

„Оваа пресуда“ ја зајакнува можноста за задолжително вакцинирање во услови на сегашната епидемија oд Ковид-19, изјави за новинската агенција АФП, Николас Херву, правен експерт од Европскиот суд за човекови права.

Во одлуката се наведува дека задолжителните вакцини обезбедени од чешките здравствени власти се во согласност со „најдобрите интереси“ на децата.

– Целта мора да биде секое дете да биде заштитено од сериозни болести, вакцинација или имунитет на стадото – се додава пресудата.