Овој стопер е голема желба на се уште актуелниот европски шампион, тимот на Баерн Минхен.

Евертон вечерва гостува кај Арсенал на „Емирати“ во првиот натпревар од 33. коло на Премиер лигата.

И зад „Карамелте“ и зад „топџиите“ е многу турбулентна сезона. Со евентуална победа, Евертон би се доближил до својот градски ривал Ливерпул со само еден поен разлика на шест кола пред крајот на шампионатот. Нема сомнение дека управата од Гудисон и ова лето ќе се обиде да донесе интересни имиња, а за некои веќе се шпекулира.

Првиот од нив се поврзува со името на стоперот на Норич, Максимилијан Џејмс Аронс. Великаните како Баерн и Манчестер Јунајтед исто така се заинтереситани за услугите на Англичанецот, а тимот од Минхен веќе беше во преговори со неговиот клуб.

Патем, „Канаринците“ обезбедија експресно враќање во друштвото на најдобрите откако испаднаа од Премиер лигата минатата сезона, а дали ќе останат без одличниот стопер кој оваа сезона одигра 42 натпревари во Чемпионшип останува да видиме.