Бидете внимателни со овој режим на исхрана. Диетата на база на вода смее да се применува секој втор ден, но ние препорачуваме еднаш неделно. Оваа диета не е дозволена за долго време.

Појадок

Голема чаша вода или чај или природен сок. Овошје и сокови можете да пиете колку сакате.

Ужинка

Голема чаша вода, чај или природен сок. Неколку овошја, по можност комбинирајте различни видови.

Ручек

Голема чаша вода пред јадење и чај по јадење. Менито се состои од свеж зеленчук за салата во количина по желба, со додавање на оцет, масло, лимон и зачини по желба. Во салатата можете да додадете и маслинки. Дозволено е да јадете било кој вид на свеж или конзервиран зеленчук: целер, зелена салата, краставици, кромид, пченка, соја, домати…

Ужинка

Голема чаша вода или чај или природен сок. Чаша млеко или јогурт или 30 грама сирење и едно овошје.

Вечера

Испиете чаша вода пред и чаша чај по јадењето, 100гр месо (пилешко, телешко) или 150грама риба (ослич) или едно јајце со зеленчук и овошје.

Внимание:
Диетата не смеете да ја применувате во текот на цела недела, бидејќи ќе предизвикате дисбаланс во организмот. Смее да се применува најчесто секој втор ден. И тоа не долготрајно, само повремено.

Важно: Пијте барем осум чаши вода дневно, а исхраната треба да биде богата со намирници кои содржат многу вода како што се зеленчукот и овошјето.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.