Македонскиот ракометен клуб Еурофарм Пелистер 2 од Битола претстави ракометар кој доаѓа од БиХ.

Еуфоарм Пелистер 2 го потпиша 21-годишниот Павле Петровиќ, кој беше официјално претставен како важно засилување.

“Дојдов во Битола од БиХ. Играв за Локомотива од Брчко и мислам дека ова е вистинскиот чекор во мојата кариера. Навистина ми се допаѓа атмосферата во клубот и начинот на работа, како играм и задоволен сум од тренерот и како играчите ме прифатија. Ја сакам оваа околина и градот. Мислам дека добро ќе се вклопам во овој тим “, рече Петровиќ.