„Бионтек“ може да го зголеми производниот капацитет на вакцини, што ги разви со својот партнер „Фајзер“, на три милијарди дози следната година, изјави извршниот директор на компанијата Угур Сахин за Блумберг.

– „Бионтек“  може да произведе три милијарди дози вакцини годишно, но тоа зависи од побарувачката, што пак зависи од други фактори, како на пример дали ќе биде потребно дополнително вакцинирање на населението, изјави Сахин.

„Фајзер“ минатиот месец објави дека оваа година планира да произведе две милијарди дози од својата вакцина против Ковид-19.

Во вторникот беше објавено дека студија спроведена од научници од Универзитетот Барнет во Мелбурн покажала дека една доза вакцина на „Фајзер“ постигнува речиси целосна ефикасност 11 дена по примањето, така што може да се каже дека не е потребна друга доза.

„Ова се новости што можат да донесат оптимизам. Ефикасноста на вакцината против Ковид-19 започнува 11 дена по приемот. Ова ја отвора можноста да добиете заштита за краток временски период “, објави њујоршкиот medRxiv, страница која е во сопственост на непрофитната лабораторија Колд Спринг Харбор

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.