Американскиот висок функционер Габриел Ескобар вели дека корупцијата е најголемата пречка за американските инвестиции во Западен Балкан. Tој вели дека САД ќе воведат дополнителни чекори за санкционирање на корумпираните официјални лица, што, според него, е важна ефективна алатка.

Advertisements

„Корупцијата е најголем проблем за регионот. Национализмот и етничките ривалства се само маска за корупцијата. Многу е јасно дека најголем дел од партиите во регионот кои се најнационалистички настроени се и најкорумпирани. И тоа е факт. Тоа не го зборува само владата на САД, тоа го зборуваат и независни органииации, како Транспаренси интернешнл и некои од европските граѓански организации, вклучително и многу домашни граѓански организации“, вели Ескобар.

Прикажи повеќе