Што се есенции за лице и по што се разликуваат од тониците и серумите?

Колку сте запознаени со есенциите за лице? Како тип на производ, тониците и серумите се многу попознати и се неизоставен дел од рутините за нега на голем број луѓе. Но кога станува збор за есенциите, како тип на производ се многу попознати во Азија отколку во остатокот од светот.

Што е клучно за есенциите за лице?

Есенциите за лице дефинитивно се карактеристичен производ за корејската нега на лицето уште попозната како K-beauty. Се нанесуваат помеѓу тониците и серумите и се сметаат за суштина во корејската рутина, што покажува и самиот назив. Збогатени се со многу повеќе активни сотојки од тониците, а имаат полесна текстура од серумите. Лицето буквално треба да се потопи со есенција и со блага масажа и тапкање да се впие во кожата. Со додавање на овој чекор во рутината за нега ќе добиете највпечатливи резултати. Се нанесуваат пред нанесувањето на серум или како замена за серум кај оние кои ја претпочитаат свежината на производите за нега, како и во моменти кога кожата е презаситена од тешки серуми. Служат за хидратација и регенерација на кожата, како и за да ја подготват кожата за наредните чекори од рутината за нега.

Која е разликата помеѓу тониците и есенциите за лице?

Тониците и есенциите за лице имаат одредени сличности, како што е на пример хидратацијата. Нанесувањето на тоник и есенција се чекори кои се надополнуваат и го зголемуваат меѓусебното дејство како последователни чекори од рутината. Иако заедничка е хидратацијата, есенциите немаат функција на отстранување на нечистотиите, блага ексфолиjација и балансирање на pH-вредноста на кожата по чистењето, како што имаат тониците.

Која е разликата помеѓу есенциите за лице и серумите?

Главната разлика помеѓу есенциите за лице и серумите е листата на состојки. Додека серумите имааt концентрирана помала листа на состојки со која таргетираат одреден проблем на кожата како сувост, фини линии, флеки, есенциите имаат за цел да пружат дополнителен слој на хидратација по тонирањето и сеопфатна нега на кожата. Во поглед на текстурата, есенциите обично имаат полесна текстура во однос на серумите. Сепак, во поглед на конзистенцијата, нивната текстура може да варира од воденаста до погуста гел-текстура.

By Wishtrend е корејски бренд за козметика, кој поттикнат од потребите и барањата од клиентите, создава таргетирани решенија за одредени проблеми на кожата преку избор на најефикасните состојки. Забележувајќи ја зголемената потреба од лесен и свеж производ за нега, а сепак ефикасен како серум, by Wishtrend ја создава есенцијата Quad Active Boosting Essence, која е ефикасна замена за серумите. Со својата лесна текстура на кожата ѝ дава богата хидратација, без да остави масна трага, а со концентрацијата на активни состојки има иста ефикасност како серум, па затоа може да се користи кога кожата е презаситена или сензитивна на тешки или маслени серуми. Со употреба во комбинација со серум, нејзиното дeјство се зголемува.

Клучни состојки на оваа есенција се екстракт од гранче од Salix alba (врба, 10%), вода од цвет од Centaurea cyanus (9%), екстракт од плод од Schisandra chinesis (9%), екстракт од гранче од Morus alba (8,7%), екстракт од лист од Nelumbo nucifera (8,7%), екстракт од прополис (1%). Благодарение на својата уникатна формула, оваа есенција има антиинфламаторно и антибактериско дејство, ја спречува појавата на акни, прави нежна ексфолијација, го регулира создавањето на себум, ја смирува проблематичната кожа, ја подобрува текстурата на кожата, има заздравувачки и регенеративни својства и го стимулира обновувањето на клетките.

__________________

Производите на By Wishtrend можете да ги најдете во специјализираната продавница за корејска козметика Olpeo, во ГТЦ во Скопје на првиот кат, а наскоро и во Olpeo во Палма мол во Тетово. Исто така може да ги нарачате на www.olpeo.mk.

(комерцијален текст)