Претставничката на Казахстан Нора Џеруто е освојувач на златниот медал во трката на 3 илјади метри со пречки. Џеруто стигна до целта со време од 8 минути, 53 секунди и 2 стотинки, поставувајќи го третото најбрзо време на светските првенства. Сребрениот медал го освои Веркуха Гетачју од Етиопија, која постави национален рекорд, додека бронзениот медал и припадна на Мекидес Абебе, која постави и личен рекорд.Во меѓувреме, албанската атлетичарка, Луиза Гега, трката ја заврши на 5-то место, поставувајќи нов национален рекорд.Гега успеа да го подобри својот личен рекорд за 4 секунди.
Advertisements
Махир Тачи