Позитивни вести пристигнуваат од Данска.

Кристијан Ериксен во моментов е во стабилна состојба.

Се разбудил и полека комуницирал со лекарите во болницата, каде го чекаат понатамошни прегледи.

Оваа информација е потврдена од Фудбалскиот сојуз на Данска, каде исто така наведуваат дека околу 19:45 часот ќе бидат познати нови информации во врска со состојбата на Крстијан Ериксен.

Да потсетиме, натпреварот од првото коло на ЕУРО помеѓу Данска и Финска беше прекинат во 42-та минута откако Крситан Ериксен се сруши на теренот. На стадионот владееше тишина, а лекарскиот тим истрча и го оживеа играчот на Интер.

Натпреварот е прекинат и се чека конечна одлука за продолжението.