Според угледниот медиум „Ла Газета дело Спорт“, Кристијан Ериксен испратил порака на „Whatsapp“ до своите соиграчи по победата против Чешка.
Данците вчера ја совладаа Чешка со 2:1 и ќе играат во полуфиналето на ЕУРО против Англија. Ериксен, кој доживеа срцев удар на првиот натпревар на Европското првенство, по што му беше вграден дефибрилатор, сега се чувствува добро и ги гледа натпреварите на својата репрезентација од својот дом.
По победата над Чесите, играчот за врска на Интер преку „Whatsapp“ испрати порака до своите соиграчи.
„Горд сум на вас“, напиша Ериксен, честитајќи им на момците на уште една брилијантна победа, но исто така им порача дека можат да стигнат до крај.
„Волшебно е. Првото нешто што им го покажав на момчињата кога се сретнавме беше слика на Вембли, кога бевме таму на есен“, изјави селекторот на Данска, Каспер Хулманд за UEFA.com.
„Реков дека ќе се вратиме. Како да игравме на дански стадион затоа што навивачите дојдоа да не поддржат во Баку. Ние сме длабоко благодарни на нив. Имавме цел пред да одиме на овој турнир, а тоа е да се вратиме на Вембли“, додаде стоперот на Милан и дански капитен Симон Кјаер.