Познатиот супермодел Емили Ратајковски се пофали со својот изглед и рамен стомак само 12 дена по породувањето.

Американската манекенка стана мајка на 8 март на синот Силвестер. Тоа е нејзиното прво дете со нејзиниот сопруг, филмскиот продуцент Себастијан Бер – МеКлард.

29-годишната Емили се појави во парчиња од новата колекција на нејзиниот бренд „Инамората“, на чиј официјален инстаграм-профил беа објавени фотографија и видео на кое таа позира со откопчана свилена кошула, покажувајќи го својот тесен струк и рамен стомак.

„Ти си неверојатна“, „Како? Па, само што се породи“, „Сигурно се шегуваш“, „Како изгледаш вака веднаш по породувањето?“, се само некои од коментарите под нејзината објава.

ФОТО | Додека се породувала таа се снимала: Емили Ратајковски ги сподели првите моменти со бебето!