Според локалните жители, тие не паметат вакво студено време во селото. Жителите изјавиле дека студот  бил толку екстремен што едвај можело да се дише.

„За да ги загреете стапалата мора да носите валенки (специјални руски чизми) или чизми со волнени  чорапи“. Не можете да носите ниту обична јакна – само крзнено палто или дебела долга јакна. Без соодветна облека и ракавици не можете да останете надвор ниту една минутка“, велат тие.

Во исто време, според телевизијата, Есеј има парно само во јавните институции, а на ова студено време и греењето на струја не е доволно, па мештаните користат дрва.

Денеска температурите во селото малку се покачени. Забележани се -60 степени. Според жителите, просечната зимска температура во Есеј е околу -50 степени.

Прикажи повеќе