Експлозија одекнала во Кабул, во областа каде што се наоѓа зградата на руската амбасада, јавуваат светските агенции.

Експлозијата се случила кога руски дипломат излегол да го прочита списокот на оние кои чекаат на редот за визи, изјавил Хамид Хајдари, поранешен главен уредник на 1TVNews.

Очевидци известиле дека можеби има околу 20 загинати, пренесе Спутник.

Според полицијата, бомбаш самоубиец активирал експлозив на влезот во амбасадата.

Вооружени стражари го убиле напаѓачот додека се приближувал до капијата на амбасадата.

Во експлозијата се повредени руски дипломат и чувар на руската амбасада, пишува РИА Новости. Спутник додава, повикувајќи се на неименуван дипломатски извор, дека станува збор за терористички напад.

На местото на настанот биле испратени голем број возила на брзата помош, изјавиле мештаните за РИА Новости.

Агенцијата потсетува дека во август 2021 година, талибанците го зазедоа Кабул и прогласија крај на војната со владините сили./Makfax