Еколошката такса не се најде како точка на дневен ред на денешната владина седница. Според неофицијални информации на Алсат, на владината седница Министерството за животна средина не го достави предлогот за законски измени за да може нафтените деривати да поскапат за 3,5 денари без ддв. Министрите на седницата можат само да одлучат кое министерство ќе биде задолжено да направи измени во Закон за да може од први јули да дојде до ова поскапување. Иако вчера министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека еколошките такси се во надлежност на Министерството за животна средина и тоа треба да достави предлог до Владата, од Екологија ни одговорија дека се уште немаат добиени насоки за менување во постоечкиот Закон.

Advertisements

„Воведување на еколошка такса од 3,5 денари за горива што загадуваат е најавено од страна на Премиерот, а МЖСПП ги следи насоките на Владата. Најавено е дека на денешната Седница, Владата ќе разгледа и ќе донесе одлука за начинот на кој ќе се воведе најавената еколошка такса. Доколку ваквите измемни бараат промена на законската регулатива од областа на животна средина, МЖСПП веднаш ќе пристапи кон истото“, наведоа од Министерството за животна средина.

За да може да се воведе еколошка такса, Министерството за животна средна ќе треба да го смени членот 184 од Законот за животна средина. Но, овој Закон во моментов се наоѓа во законодавниот дом каде се очекува негово гласање, па затоа ќе треба да се повлече и со амандмани да се интервенира за да може да се вметне еколошката такса. На владина седница е предлогот од Министерството за финансии за измени во Законот за даноци со кои се планира намалување на ДДВ – то на струјата од 18 на 5 проценти. Најавите на Владата се дека овие две мерки ќе важат од први јули за сите граѓани, иако за нив допрва ќе треба да се прекројуваат постоечките закони, па да поминат низ собраниска процедура и да добијат зелено светло од пратениците во законодавниот дом.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе