На одделението за интензивна нега во египетска болница каде се лекуваат пациенти заразени со коронавирус, денеска изби пожар, а во несреќата загинаа најмалку 7 лица.

Локалната полиција соопшти дека оваа несреќа се случила во приватна болница во предградие на Каиро, а во пожарот се повредени уште најмалку пет лица.

Пожарникарите успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, а според првичните резултати пожарот бил предизвикан од краток спој на електрична инсталација.

Инаку, во Египет досега се потврдени 130,126 случаи на коронавирус, а како последица на вирусот починаа 7,309 лица. Меѓутоа, поради малиот број на тестирања, се смета дека бројките во оваа држава која има популација од над 100 милиони жители се далеку поголеми.