Мумифицираните остатоци на 22 антички египетски кралеви и кралици ќе бидат пренесени во поворка низ улиците на Каиро во сабота до нивното ново почивалиште – Националниот музеј на египетска цивилизација.

Остатоците од 18 кралеви и четири кралици ќе бидат подредени по возраст, на одделни платформи украсени во антички египетски стил во поворка наречена „Златна парада на фараоните“.

Остатоците се преместуваат од Египетскиот музеј во центарот на Каиро, каде што престојувале со децении, во Националниот музеј на египетска цивилизација, отворен во 2017 година на југот на градот и ќе бидат сместени во „малку помодерни излози“, рече Салима Икрам, професор по египетологија на универзитетот во Каиро., Пренесува порталот Индекс.

Фараоните и кралиците ќе патуваат во златни кочии, секоја во своја, и секоја кочија ќе има амортизери за безбедно преминување на 40-минутното патување низ Каиро.

Поворката ќе започне во 18 часот по локално време во сабота и ќе има голема безбедност.