Челзи е европски шампион за сезоната 2020/2021.

Сините го совладаа Манчестер Сити во финалето во Порто со голот на Каи Хаверц од 1:0.

Сепак, оваа сезона особено ќе ја памети голманот на Челзи, Едуард Менди.

Менди вечерва успеа да ја сочува мрежата во финалето, со што стана рекордер во Лигата на шампионите.

Имено, Менди ја зачува мрежата на девет од 12-те натпревари оваа сезона во Лигата на шампионите, што никој голман не можеше да го стори пред него.

И вечерва во финалето во Порто, тој имаше неколку одлични интервенции и докажа дека неговата набавка е една од најдобрите птои на Челзи во последните сезони.