Една од најпознатите „јутјуберки“ во светот, холандската шминкерка и интернет ѕвезда Ники де Јагер, попозната по ЈуТјуб – каналот „Туторијалите на Ники“, официјално влезе во историјата како трансродово лице кое за прв пат ја добило улогата на презентер на Евровизија, најпрестижното музичко натпреварување во Европа.

Ники која на својот инстаграм – профил брои скоро 15 милиони, објави видео од болница.

Имено, Ники сними видео и откри дека по евровизискиот натпреварот на кој беше еден од водителите, завршила во болница.

Пред три дена бев на најголемиот музички натпревар на планетата, а сега сум во болница. Земам лекови за хронично заболување на цревата. Не избрав гламурозен живот, гламурозниот живот ме избра мене – изјави Ники со насмевка на лицето на видеото кое е снимено директно од болничкиот кревет додека прима инфузија.

Видеото од обраќањето на Ники директно од болница можете да го погледнете ТУКА.

Да потсетиме, победата на овогодинешното музичко натпреварување во Ротердам ја однесе Италија со победничката песна на групата „Måneskin“.