Човекот од Британија Џејсон Келк (49) кој една година боледување од коронавирусот почина.

Тој изминатите 14 и пол месеци ги помина во болница, а почина откако реши да го прекине лекувањето. Се зарази на почетокот на пандемијата, а е примен во болница на 31 март минатата година. Утрово е превезен дома, каде последните часови ги помина со членовите на своето семејство.

Неговата сопруга Сју Келк (63) објасни дека Џејсоновата битка станала претешка и дека донел одлука да прекине со лекувањето.

„Зад нас останаа многу ожалостени луѓе. Луѓето можеби не мислат дека тој беше храбар, но боже мој, беше храбар. Навистина го мислам тоа. Тоа е најхрабро што некој може да го направи, да каже: ‘Не сакам повеќе да живеам вака’“, рече таа.

Џејсон имаше дијабетес и астма, а разви и сериозни стомачни проблеми, по што требаше да се храни интравенозно. Во светот имаше повеќе случаеви каде луѓето со месеци се лекуваа од вирусот, и потоа починаа со целосно уништени органи.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.