Новата АТП ранг листа не донесе значајни промени, што е нормално за период без големи турнири.  Водечки на ранкингот и натаму е Карлос Алкараз со 6.730 поени, пред Рафаел Надал кој има околу 900 помалку. По нив следат Каспер Руд, Данил Медведев, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљев.

Единствена промена во најдобрите десет е прогресот на Феликс Оже-Алијасим на деветтата позиција, со што Тејлор Фриц падна една подолу.

Младиот Калин Ивановски и натаму е наш најдобро рангиран тенисер, без игра падна три позиции и сега е на 746 позиција со 27 поени. Пад од девет места имаше и Горазд Србљак кој се наоѓа на 999-то место на АТП ранкингот со 11 поени на контото.

Прикажи повеќе