Премиерот на Албанија, Еди Рама ги поканил сите лидери на политичките партии на Албанците од Македонија на средба во вторник во Тирана, пишува Алмакос.

На средбата биле поканети лидерите на ДУИ, на Алијанса за Албанците, Беса и на Алтернатива, Али Ахмети, Арбен Таравари, Билал Касами и Африм Гаши.
На тркалезната маса организирана од Рама во Тирана ќе се разговара за политичката случувања во земјата, за скандалите во Македонија, за струењата во партиите и за други прашања на Балканот, пишува Алмакос.