Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека Северна Македонија треба без двоумење да го прифати новиот француски предлог, кој, според него, е исто така последен, а го отвора патот за отворање на преговори за Албанија и Северна Македонија.

На средба со новинарите, по Самитот на НАТО, што се одржа во Мадрид, Рама ги изнесе напорите вложени за постигнување договор со кој се отвора патот за официјалното отворање на преговорите.

Цело време, додаде тој, бев во контакт со францускиот претседател Емануел Макрон, кој, според него, заслужува голема благодарност и признание, затоа што тој лично го следел овој процес 48 часа, дури и по полноќ, разменил пораки со Рама.

-Според мое мислење, новиот предлог, кој е и последен, мора добро да го разберат во Северна Македонија, е целосно прифатлив предлог и владата, мнозинството, парламент, треба да го прифатат без двоумење. Општеството во Северна Македонија треба да се чувствува целосно ослободено затоа што ќор – сокакот е надминат и елиминирани се некои нијанси што го направија неприфатлив претходниот предлог, рече Рама.

Албанскиот премиер информираше дека водел конструктивен разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

-Многу е јасно за сите. Ние немаме проблем со Бугарија, нема загриженост за која било друга природа, освен загриженоста создадена од пристапот на Бугарија кон Северна Македонија и заложништвото на Северна Македонија и Албанија во процес што можеше да бидат многу повеќе цивилен и европски од Бугарија. Но, тоа е вода што помина под мостот и со затворање на процесот на разгледување од Северна Македонја на францускиот предлог, нема што да се додаде кога се однесува на Бугарија. Посакувам, во иднина да не минуваме патишта „Бугарија“, во други форми, како израз на искривување на духот за проширување, изјави Рама.

Албанскиот премиер вчера на социјалните мрежи објави дека и се дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската унија. Тој во објавата додаде: Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете!, напиша Рама.