Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека меѓународна компанија неодамна открила големи количини нафта и природен гас на територијата на Албанија. Овие наоди, според него, ќе ја променат албанската економија и енергетската иднина на Европа.

За време на посетата на Холандија каде одржува средби со холандски инвеститори, Рама рече дека овие природни ресурси се долж албанскиот брег. Албанија и сите земји од Западен Балкан се во ценовна криза по флуктуациите на пазарот поради тешкотиите со снабдување со нафта и гас како резултат на руската инвазија на Украина и санкциите против Русија.