„ЕА Спортс“, производителот на популарната видео-игра ФИФА, даде своја прогноза кога е во прашање Светското првенство во Катар. Преку „симулаторот“ во „ФИФА 23“, ги одиграа сите натпревари од групната фаза, како и потенцијалните нокаут натпревари и го прогласија „својот“ победник.

Advertisements

Според нив, титулата ќе и припадне на Аргентина, која двапати беше прва во светот – во 1978 и 1986 година. Според нив, Аргентина во финалето ќе го победи Бразил со 1:0. Исто така, Лионел Меси ќе биде најдобар стрелец, додека титулата најдобар асистент ќе ја поделат Карим Бензема, Пјотр Зиелински и Бернардо Силва.

Секако, тешко е сето ова да се сфати сериозно, но треба да се каже дека „ЕА Спортс“ со овој метод ги погоди победниците на последните три светски првенства. /Makfax/.

Прикажи повеќе