Следниот месец почнува изградбата на две нови патарини на автопатот Скопје – Штип. Едната во Преод ќе чини 50, а другата во Кадрифаково 70 денари. Ова значи неместо сегашните 40, патувањето од главниот град до Штип во должина од 47 километри граѓаните ќе ги чини 160 денари во еден правец.

Ќе се модернизираат и петте постоечки наплатни рампи – во Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар, но од Државни патишта велат дека за сега, не се предвидени повисоки цени за овие патарини, објавија медиумите.

Со повеќе од половина година задоцнување, избран е конзорциумот Асeлсан Жикол, кој за 12,5 милиони евра ќе ги реконструира патарините.

Инаку, ковид пандемијата негативно се одрази и врз приходите на Јавното претпријатие. Според финансиските извештаи, во вториот квартал тие биле за 60 отсто пониски отколку во 2019 та, а во месеците јули, август и септември, поради промашената туристичка сезона и затворените рампи во Грција, падот е скоро 70 отсто. Патишта за цела година очекувале да соберат скоро 49 милиони евра, само од користење на автопатите, но за трите квартали наплатата достигнала едвај 27,8 милиони евра.