Денеска се навршуваат две години од смртта на фудбалерот Емилијано Сала, а неговото семејство се уште чека одговори за тоа како починал.

Тој требаше да се пресели во Кардиф Сити како дел од трансферот вреден неколку милиони фунти во јануари 2019 година.

Тој патуваше од Велс кон неговиот поранешен клуб Нант кога авионот со кој патуваше фудбалерот се урнал во Ла Манш.

Веста за смртта на 28 годишниот фудбалер предизвика шок низ целиот свет, а до ден денес и по две години неговото семејство се уште чека одговор за причината за несреќата.

На овој ден неговата сестра исто така се потсети на последните мигови од животот на фудбалерот објавувајќи како тој го потпишува договорот со новиот клуб за кој требаше да блесне.