За надзорот за струшката болница и случајот со д-р Асани Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја завршиле целата законска постапка и на 26 јануари е испратена информација со иницијатива до струшкото основно јавно обвинителсство. Со тоа се завршени и се затвораат законските можности што ги има Државниот санитарен и здравствен инспекторат што ги има. За стручниот надзор, посочи дека одговор треба да се бара во Лекарската комора која го врши надзорот, изјави денеска директорката на ДСЗИ д-р Ирина Сотирова Бухова.

Инспекторатот комплетно постапи во случајот со Клиниката за нефрлогија и согласно законските прописии записниците на Комисијата за интерхоспитални инфекции нема забелешки, соопшти директорката на ДСЗИ Сотирова Бухова на денешата прес-конференција на Инспекцискиот совет одговорајќи на новинарско прашање во врска со случајот на повеќе заболени на Клиниката за нефрлогоија.

Државниот санитарен и здравствен иснпекторат е во секојдневен конакт со диркторката и менаџерскиот тим на Клиниката за нефрлогоија. Улогата што ја има ДСЗИ овде е да ги исконтролира дали има состанок одржано Комисијата за интерхоспитални инфекции и што има преземено. Останатото е да се издадат решенија на позитивните и на контактите, меѓутоа решение по добиената епидемиолошка анализа во овој случај од Институтот за јавно здравје. ДСЗИ има комплетно постапено во овој случај во однос на своите ингеренции на Клиниката за нефрологија. Околу насоките, односно тоа што Центарот за јавно здравје ќе и наложи на Клиниката за нефрологија, ДСЗИ е во контакт и со истиот центар и се координираме и ги контролираме постапките на Клиниката за нефрлогија, рече Сотирова Бухова.

Таа потенцира дека според записниците на Комисијата за интерхосптални инфекции ДСЗИ, нема забелеши, меѓутоа останатиот дел од надзорот кој го врши и се заснова на епидемиолошката анкета на ИЈЗ, посочи на одговор да се побара таму.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.