Американската актерка Дру Баримор во понеделникот, како гостин во радио емисијата на Хауард Стерн, откри дека била на психијатрија кога имала 13 години.

Почна да глуми во раното детство, а кога блесна во филмот „Е.Т.“ таа се истакна како една од најголемите детски ѕвезди во Холивуд.

Се забавував во клубови, не одев на училиште, го украдов автомобилот на мајка ми, бев тотално надвор контрола, изјави 46-годишната актерка чие бурно тинејџерско минато е познато на јавноста.

Покрај тоа, таа додаде дека поминала 18 месеци во психијатриската установа „Van Nuys”.

Таму немаше простор за шеги. Ако се обидете да направите некоја глупост, тие ќе ве фрлат во изолирана просторија или ќе ви го ограничат движењето со врзување, додаде актерката.

Исто така, објасни зошто нејзината мајка Џејд Баримор ја сместила во таква институција.

Мислеше дека создаде „чудовиште” од мене и не знаеше како да се справи. Тоа беше нејзиниот очаен обид, а јас навистина бев надвор од контрола. И простувам за таквиот избор. Веројатно почувствувала дека нема кому да се обрати, рече Дру.

Актерката од филмовите „Charlie’s Angels“, „Е.Т.“, „Scream“ и „Never Been Kissed“ на почетокот на нејзината кариера ги имала прекина сите врски со нејзината мајка, но потоа решила да го остави минатото зад себе за да го подобрат нивниот однос.

Денес ја разбирам и чувствувам емпатија кон неа, изјави Дру.

И покрај застрашувачкото искуство, таа вели дека престојот во психијатриска установа е најдоброто нешто што можело да и се случи.

Во „болна смисла“, ништо подобро не ми се случило во мојот живот, бидејќи тоа ме разлади и ме смири, изјави актерката.