Џиџо Донарума, екс-голманот на Милан кој летово се пресели во Пари Сен Жермен се врати во Милано со репрезентацијата на европскиот првак Италија во својот роден Милано, ама иако е херој на нацијата, го дочека навредлива порака од приврзаниците на „росонерите“.

Донарума беше еден од хероите на Италија за европската круна летово, посебно во пенал-рулетите во кои одбрани три удари за Италија да ги мине Шпанија и Англија во полуфиналето и финалето и да ја освои круната по 52 години пауза. Ама, без оглед што е херој на нацијата, во Милано – не е добредојден.

„Донарума, го*но едно, не си повеќе добредојден во Милано“, е парoлата која ја закачија ултрасите на Милан.

Донарума долго време ги нервираше навивачите со својот однос околу продолжувањето на договорот со Милан, па на крај си замина како слободен играч во ПСЖ.