Добитник на една индиска лотарија се жали дека е преоптоварен со барања за финансиска помош, па жали што воопшто го добил џек-потот. Станува збор за такси-возач од јужната индиска држава Керала, кој освоил 3 милиони долари.

Сега размислува да се исели од својот дом затоа што секое утро пред портите доаѓаат соседите и други лица кои бараат да им помогне. Морал да си го однесе семејството кај роднини за да избегаат. Локалната Влада му понудила да му организира еднодневна програма за обука за финансиски менаџмент за да му помогне подобро да ги користи парите./Alsat.mk

Прикажи повеќе