Овен
Во последен момент, некоја ваша деловна активност може да биде стопирана или може да се соочите со сериозни пречки кои изгледаат несовладливи. Не очајувајте, потпрете се на некој што многупати ви помогнал во слични ситуации и побарајте поддршка. Се чувствувате несигурни во врската, партнерот е постуден од обично.

Бик
Силна желба и потреба да се докажете во некоја работа или да решите една комплицирана ситуација во опкружувањето во кое работите. Работите нема да одат лесно и прифатете дека ќе ви треба многу повеќе време отколку што пресметавте. Не бидете експлицитни во некои ставови кон саканата личност.

Близнаци
Дозволете му на партнерот да каже што има, наместо постојано да се стремите да биде по ваше. Насочете се кон компромиси. Тој може да ви замери повеќе отколку што мислите. Спуштете го штитот, покажете поголемо разбирање, нежност и компромис. Од вашето однесување зависи понатамошниот тек на вашата врска.

Рак
Можен е драматичен пресврт, но ќе биде поттикнат од вашите ризични чекори кои ги преземате. Ќе остварите контакти кои ќе ви бидат од корист во иднина. Работите на љубовен план се смируваат и ќе уживате во чувството на мир кое ви овозможува да се фокусирате на плановите за заедничкиот живот со саканата личност.

Лав
Сериозноста е атрактивна. Влегувате во сферата на стабилноста, насочувајќи го вашиот фокус кон зрели личности. Можно е да се вљубите во некој значително повозрасен или поуспешен од вас. Некои пак, може да одлучат да започнат да работат заедно со својот партнер. Динамичен ден, ќе бидете растрчани на сите страни.

Девица
Грижете се за себе. Посветете си повеќе внимание себеси, но поттикнете ги и другите да го направат истото. Погледнете околу себе, голем ќе биде бројот на луѓе кои сакаат да ви помогнат. Внимавајте на зборовите и на односот, за да не дојде до недоразбирања. Саканата личност ќе ве изненади со кратко патување.

Вага
Денес ќе бидете сигурни што сакате и ќе знаете дека тоа е вашиот партнер. Ќе ви се засилат чувствата кон него и ќе ве поттикнат кон разговори на посериозни теми за иднината. Ако сте сингл, во претстојниот период ќе ја пронајдете вашата сродна душа. Нема потреба долго да размислувате дали да влезете во врска или не.

Скорпија
Енергични сте и ќе ги привлекувате луѓето околу вас. Многумина од вас ќе бараат помош, но не можете да постигнете сè и не се форсирајте. Посветете се на себеси и уживајте во времето поминато сами со себе. Внимавајте на трошоците, почнете да штедите. Ќе ја преиспитате ситуацијата на љубовно поле и ќе донесете одлуки.

Стрелец
Дискусија со искусни луѓе може да ви користи како предупредување дека можеби претерувате со некои работи. Не одбивајте финансиски промени, може да ви бидат корисни во иднина. Врската помеѓу пријателството и љубовта станува сè помала, одлучете се што сакате. Никој нема вечно да ве чека вас и вашите одлуки.

Јарец
Долго чекате ваков момент каде може да се опуштите и да уживате. Ќе најдете паметен начин да се извлечете од непријатните разговори и ќе имате поголема потреба за слобода. Ќе им се спротивставите на правилата иако изгледа нереално. Потпрете се на интуицијата за една финансиска одлука, правилно ќе решите.

Водолија
Близок пријател ќе ве охрабри со што ќе постигнете успех на финансиско поле. За љубовта нема потреба од грижи. Во љубовта станувате безгрижни, па очекувајте пријатна атмосфера. Живејте го животот во целост и препуштете се на околностите. Член на семејството ќе ви биде од големо помош во една ситуација.

Риби
Појасно ќе ги гледате туѓите намери и нема да паѓате лесно на секакви провокации. Внимателно одбирајте ги приоритетите кога станува збор за финансиите. Поставете си реални цели во љубовта за да не изгубите мотивација. Проблемите на љубовно поле се само привремени, нема да ви задаваат главоболка.