Овен
Денес ќе му ја покажете на светот вашата лоша страна. Незадоволни сте и лошо расположени, па најверојатно ќе го исфрлите тоа на некого кој не е ниту виновен ниту должен. Обидете се да се воздржите и да не ја повредите саканата личност затоа што денот ви започна лошо. Не треба да ви биде вреќа за боксување. Совладувајте се!

Бик
Веќе успевате да ја вратите загубената самодоверба. Опуштете се и работете го тоа што ви одговара и никако не се исцрпувајте преку мера. Ако на партнерот секогаш му гарантирате му добар провод, добро ќе се чувствувате и самите вие. Тоа може да биде многу исцрпувачко. Ве очекува добар период на сите полиња.

Близнаци
Љубовното небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро. Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано, ќе ви биде попријатно, а нема да изостанат ниту резултатите. Повлечете се од бурните работи, смирете се и бидете трпеливи и реални.

Рак
Ќе имате можност да се доближите до некои луѓе на кои им се восхитувате одамна. На работа мора да поставите граница до која другите ќе смеат да ја искористуваат вашата добрина. Конечно ќе успеете да ги разберете мотивите на вашиот партнер. Неговото однесување повеќе нема да ве чуди. Ќе откриете една негова голема тајна.

Лав
Вашите идеи звучат добро, но околината како да нема доволно слух за работен компромис кој подразбира поинаков модел на однесување. Успешните резултати подразбираат заедничка доверба и долгорочна соработка. Се грижите поради некои љубовни дилеми, имате лошо претчувство во врска со една блиска личност.

Девица
Партнерот има свои планови и не обрнува внимание на вашите потреби. Сепак, вие не се откажувате лесно од своите намери. На деловно поле, забележувате дека работите одат во погрешна насока. Кога чувствувате дека некој ги крши вашите права и интереси, станувате нервозни. Сакате да ги заштитите своите права.

Вага
Важно е добро да ги разберете оние што ги сакате. Потрудете се да постигнете емоционална блискост и да задоволите нечии потреби. На деловно поле, всадувате самодоверба, бидејќи во некои критични ситуации знаете како да донесете правилна одлука од заеднички интерес. Одлично делувате во кризни ситуации.

Скорпија
Ефикасноста и интелигенцијата се ваши квалитети кои ќе бидат забележани од некоја личност која е многу важна за вашата кариера. Една препрека на љубовен план ќе ви ги наруши плановите. Имате некое непријатно претчувство. Постојан немир во вас тлее. Се сомневате во довербата и љубовта на саканата личност и тоа ве јаде.

Стрелец
Во средбата со саканата личност, ќе делувате премногу пребирливо или нерасположено, на крајот не го добивате она што го посакувате. Секој од соработниците сака да постигне најдобра можна позиција, позиција што гарантира деловен престиж или одредени придобивки. Секој ќе се бори за своето место под сонцето.

Јарец
Имате премногу проблеми на работа. Ве чека носење на тешки одлуки. На колегите тие нема да им се допаднат. И вашиот партнер се соочува со проблеми, тој минува низ психолошка криза. Не можете конкретно да му помогнете, но му давате до знаење дека сте со него. Потпрете се еден на друг, на тој начин ќе си помогнете.

Водолија
Во моменти кога сте бесни и нервозни, најдобро би било да се посветите на нешто друго и да се „разладите“ преку релаксирачко хоби. Врските со колегите ви се зајакнуваат, а вие на работа блескате како никогаш досега. Треба да се договорите за заедничките интереси. Избегнувајте деловно ривалство или натпреварувачка атмосфера.

Риби
Создадете си простор за нови доживувања, нови предмети и нови луѓе. Фрлете подалеку од вас сè што повеќе не ве усреќува. Дајте им поголемо значење на вашите чувства. Со месеци наназад бевте склони да чувате сè во себе, но тоа ви создаваше само немир. Денес планетите и ѕвездите ви го носат посакуваниот мир.