Овен

Ве очекуваат мали непријатности на работа. Водете сметка за секој изговорен збор. Ќе бидете склони при изборот на партнерот поголемо значење да му дадете на физичкиот изглед, отколку на другите важни вредности. Физичката привлечност и страст е нешто што за вас ќе биде примарно при изборот на идеален партнер.

Бик

Во љубовта во текот на денешниот ден ќе дојде до мали недоразбирања со саканата личност. Ќе имате емоционален проблем кој тешко ќе го решите. Можно е некои работи погрешно да ги протолкувате и ќе ви биде тешко да ја видите јасната слика на случувањата. Имате шанси да ја продолжите соработката со влијателни лица.

Близнаци

Ви претстои подобрување на финансиите. Задоволни сте со ситуацијата и не планирате некои поголеми промени. Во љубовта се чувствувате добро покрај партнерот, иако во последно време често се карате. Сака да биде многу доминантен. Можно е да добиете нова деловна понуда и да не знаете дали да ја прифатите или не.

Рак

Некој ќе сака да ви наштети на тој начин што долго време ви дава лоши совети. Можете да се потпрете на помошта од блискиот пријател. Можна е љубов со лице кое живее подалеку од вашето место. Концентрацијата ви е лоша и можни се грешки кои можат да ви донесат последици. Бегајте од личности кои ви делат само комплименти.

Лав

Потребно е да го промените начинот на кој ја извршувате вашата работа и малку повеќе да се прилагодите на новите технологии. Свесни сте дека и самите делумно сте виновни за проблемите во врската. Сте решиле да направите детален план за своите идни активности и максимално да ѝ се посветите на работата.

Девица

Денешниот ден може поволно да се одрази на оние кои планираат работа со припадник на знакот Лав. Имате добри планови, особено кога станува збор за работа во доменот на уметноста или науката. Многумина имаат за вас високо мислење, а вие воопшто не сте свесни за тоа. Трудете се да ја добиете довербата на еден колега.

Вага

Морате да попуштите пред некој соработник. Ништо нема да успеете без негова помош. Некако сте еуфорични поради случувањата во љубовта. Не фантазирајте за големи и скапи подароци. Можни се долгови, премногу трошите на неважни работи. Ги задушувате финансиите. Во љубовта мислите на емоции и љубов со некоја Девица.

Скорпија

Потрудете се да донесете вистински одлуки. Во моментов некои работат зависат само од вас, затоа добро размислете. Покрај саканото лице ќе се чувствувате сигурно и заштитено. Потрудете се да ги поправите грешките кои претходно ги направивте. Во љубовта не сакате да се откажете од личноста којашто ви се допаѓа.

Стрелец

Не ја испробувајте среќата денес бидејќи денот не е претерано поволен. Држете се до работите кои се стабилни и проверени. Во љубовта можно е да ви недостасува внимание. Решивте да ѝ се посветите на работата и сите обврски да ги завршите навремено. Ве очекува ново познанство со лице кое делува многу сигурно во себе.

Јарец

Можно е да не наидете на одобрување за некој проект кој сте замислиле да го реализирате во наредниот период. Во љубовта не сте сигурни во своите чувства и ќе ви биде потребно подолго време да ги решите емоциите. Малку сте загрижени поради моменталните случувања на деловен план, но на крајот сѐ ќе испадне добро за вас.

Водолија

Загрижени сте за заработувачката и ви се чини дека некои можности ви се намалени. Во љубовта ви се допаѓа некоја личност која ви делува премногу мистериозно и за која не знаете многу. Ако сте во врска, можно е вашиот партнер да направил некоја грешка кон вас, но не лутете му се премногу. Толеранцијата ќе го зацврсти односот.

Риби

На деловно поле, среќни сте поради денешните понуди кои дошле до вас. Подготвени сте да остварите деловно напредување. Во љубовта имате доста заеднички теми со личноста со која веќе извесно време флертувате. Периодот е поволен за деловни преговори или разговор на било која тема кога станува збор за работата.