Спортскиот директор на ФК Шкупи, Омер Буњаку се огласи преку социјалните мрежи откако Град Скопје на седница одлучи да му додели на ФК Вардар 15 милиони денари, пари на граѓаните, како финансиска помош.

-Веќе неколку години кај нас стана задолжително сите клубови да станат акционерски друштва, што значи дека ќе имаат свои спонзори, вклучително и некои други начини кои доаѓаат како помош од самата држава Но, не сакајќи да се занимава со темата Акционерски друштва, Советот на Град Скопје како да заборава дека нема право да прави поделби меѓу клубовите.

Ова го велам, дека во Првата лига на Северна Македонија, само од градот Скопје, во моментов се натпреваруваат четири клуба, Шкупи, ФК Македонија Ѓ.П., Работнички и Скопје, додека токму советот на град Скопје, со доставувањето на амандманот од страна на советниците на ВМРО и дел од советниците на СДСМ одлучи да му помогне на клубот на Вардар кој се натпреварува во Втората лига, со 15.000.000 ден, додека овој клуб сега веќе не е на градот, туку е во приватна сопственост. Зарем избраните во градското собрание заборавија (со исклучок на Албанците кои не го поддржаа), дека не сите скопјани го сакаат Вардар и дека воопшто не сакаат пари од даноците да одат во клубот што нема врска со нив. Дури ни јас, кој ги плаќам даноците, не сакам да го спонзорирам и финансирам клубот Вардар, а камоли кога ние како клуб кој се натпреварува во Првата лига имаме огромна потреба да бидеме помогнати од буџетот на градот, чијашто каса се полни со наши пари, вели Омер Буњаку, директор на ФК Шкупи.

Претходно реакција имаше и од ФК Работнички.