Македонија се соочува со недостиг на електрична енергија поради нејзино намалено производство, додека потрошувачка на струја е зголемена.

Можни ли се рестрикции на струја во наредниот период или пак, количините што недостасуваат во електричната мрежа ќе се обезбедат на слободниот пазар.

Првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачески денеска најави дека оваа недела се очекува да биде потпишан договор за набавка на јаглен за РЕК „Осломеј“ и РЕК „Битола“.

Уверува дека производството е стабилно и дека во моментов нема место за паника.

Претходно директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани во интервју за Телма изјави дека Македонија веќе извесен период има недостаток на произведена електрична енергија, поради што неколку пати се вклучиле на енергетската мрежа на ЕУ, поради што, пак, добиле опомени. Тој најави дека можни се рестрикции поради дефицитот на електрична енергија.

Директорот на МЕПСО: Имаме недостаток на струја, четири пати без најава преземавме од ЕУ, па добивме опомена