Баерн Минхен има многу добра сезона и во Лигата на шампионите и во Бундес лигата. Во Европа Баварците директно во квалификациската рунда отидоа како први во најтешката група на натпреварувањето, додека во Германија продолжуваат да бидат на врвот на табелата.

Задачата на клупските челници е сега да ги задржат во тимот ѕвездите кои блескаат оваа сезона. Директорот на Баерн, Хасан Салихамиџиќ изјави дека работи на реновирање на договорот со Чупо Мотинг.

„Би сакале да го задржиме. Имам добар однос со неговиот агент. Ќе се сретнеме и ќе видиме дали можеме да го задоволиме. Тој е голем адут за нас“, изјави директорот на германскиот клуб.

„Ние сме во контакт и Чупо се чувствува удобно во Минхен“, додаде тој.

Потсетуваме, во следното коло од Лигата на шампионите, Баерн Минхен ќе го пречека ПСЖ.

Прикажи повеќе