Директорката на Фондот за здравство, Магдалена Филиповска-Грашкоска, не чувствува морална одговорност за хакирањето на системот. Прашана колку пари бараа хакерите, Филиповска-Грашкоска рече „сите прашања се предмет на истрага“.

Другиот директор, Фатон Ахмети, за време на сајбер нападот си бил на одмор кој не го прекинал по падот на системот. Според Филиповска-Грашкоска, истрагата ќе покаже кој е виновен.

Од прв момент кога сум влезена во институцијава давам напори за се подобра услуга за граѓаните“, рече Грашковска, па беше потсетена на прашањето за моралната одговорност таа додаде: „Максимално се вложивме да го решиме проблемот. Сметам дека фактот дека е решен за толку брзо време покажува дека си ја вршиме работата. Избрзано и некоректно е да посочам со прст во некого за вина“.

Филиповска-Грашкоска не сакаше да го коментира одморот на другиот директор на Фондот, Фатон Ахмети. Таа побара новинарите лично да го прашаат зошто не го прекинал.

Сметам дека би било непрофесионално и некоректно да коментирам во негово име. Колегата беше известен за ситуацијата и брифингот, согласно решението, тој е се уште на одмор“, додаде Филиповска-Грашкоска.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.