Чешкиот министер за надворешни работи Јан Гамачек изјави дека неговата земја протерува 18 руски дипломати, објавија медиумите.

Тој објасни дека биле обвинети дека работеле за специјални служби.

– Advertisement –

Според министерот, руските дипломати се должни да ја напуштат земјата во рок од 48 часа.

Се јавил и премиерот на Чешка, Андреј Бабиќ, кој рекол дека Прага ги обвинува руските специјални служби дека се одговорни за експлозијата во магацинот за муниција во Врбетица во 2014 година.

„Постои основано сомнение … нанесена е огромна штета … Прво, нашите граѓани починаа таму“, рекол Бабиќ.

Прикажи повеќе