Турските медиуми пишуваат дека тренерот на Бешикташ Серген Јалчин од управата на клубот побарал две засилувања во нападот. На списокот кој го доставил се нашло и името на нашиот интернационалец Адис Јаховиќ. Наводно Јалчин е убеден дека ќе добие квалитетно решение во нападот за мала сума на пари. Турските медиуми пишуваат дека неговиот сегашен клуб Гозтепе, каде играше во вториот дел од сезоната, би го пуштил за 500 илјади евра.

На списокот уште се нашле Диего Коста, Хулк и Един Џеко, но овие имиња според турските медиуми се потешка „операција“.

Дел од турските медиуми пишуваат дека контактите помеѓу Бешикташ и Гозтепе веќе се воспоставени.