Без седуммина ракометари на првиот собир во 2021 година, тренерот Стевче Алушовски ги собра играчите и почна со подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Вардар 1961 го очекува „пеколен” период особено во февруари кога треба да одигра седум натпревари од Лигата на шампионите, плус уште два од СЕХА Газпром лигата, а на крајот од јануари исто така ќе одигра уште еден меч од регионалното натпреварување.

– Сите мислам дека доволно одморивме, и очекуваме 10 натпревари (за еден месец) и тоа на сите ни е јасно, а доколку за нас ме прашуваш, подобро така, да имаш толку, отколку претходно, по еден во месецот. Сигурно дека фаќаме ритам, пресреќни конечно да играме во нормален ритам, ќе биде тешко, очекуваа оваа полусезона да биде подобра од претходната. Чекор по чекор да направиме резултат кој го очекуваме, а тоа е прво да ја поминеме групата во ЛШ. Знаеме дека ќе биде тешко, но можеме, мораме и знаеме дека доколку сакаш нешто да направиш, не може да биде лесно – вели левото руско крило на Вардар 1961, Тимур Дибиров.

Вардар 1961 ќе продолжи со настапите во ЛШ против Порто

Лошиот период исполнет со неможност да се тренира и честото одложување на натпреварите сега би требало да остане зад „црвено-црните“ и сите очекуваат да бидат подготвени за она што ги очекува.

Стојанче Стоилов, Марко Мишевски, Филип Талески и Димитар Димитриоски ќе чекаат до последен момент дали ќе патуваат со репрезентацијата на Македонија на СП во Египет, а таму сигурно ќе играат Иван Чупиќ и Патрик Валчак. Бекот Кристијан Дисингер би требало оваа недела да се приклучи на екипата откако не се најде на скратениот список на Германија.

Распоред натпревари во СЕХА Газпром лигата –

01.02.2021
Вардар 1961 – Нексе

13.02. 2021
Мотор – Вардар 1961

28.02.2021
Војводина – Вардар 1961

Термини во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите –

4 февруари – 20,45 ч.
Порто – Вардар 1961

9 февруари – 18,45 ч.
ПСЖ – Вардар 1961

11 февруари – 18,45 ч.
Флензбург – Вардар 1961

14 февруари – 18 ч.
Вардар 1961 – ПИК Сегед

18 февруари – 18,45
ПИК Сегед – Вардар 1961

21 февруари – 16 ч.
Вардар 1961 – Елверум

25 февруари – 18,45 ч.
Елверум – Вардар 1961

4 март – 18,45 ч.
Мешков – Вардар 1961