Кошаркарите на Денвер го победија Хјустон со 120:100 и ја остварија четвртата последовна победа во НБА лигата. Најефикасни во тимот на Денвер беа Џамал ​​Мареј со 26 поени, Арон Гордон со 20 поени и шест скока и Брус Браун со 18 поени. Српскиот центар Никола Јокиќ за 27 минути постигна 17 поени и 12 асистенции, од кои 10 имаше во првото полувреме.

Advertisements

Во тимот на Хјустон, Кевин Портер постигна 23 поени, со шест скока и пет асистенции, Алпрен Шенгун додаде 18 поени и 11 скока, а Џејлен Грин постигна 16 поени.

Девин Букер со 51 поени, шест асистенции и четири скока го предводеше Феникс до победа од 132:113 против Чикаго. Милвоки Бакс го победи Њујорк на гости со 103:109. Јанис Адетокумбо беше одличен, со 37 поени, 13 скока и седум асистенции. Бостон Селтикс беа убедливи против Мајами Хит и победија со 134:121. Џејсон Тејтум беше „жежок“ и уфрли 49 поени во победничкиот тим, а Џелен Браун дополни 26 кошеви./Makfax/

Резултати НБА:

Кливленд – Филаделфија 113:85,

Орландо – Атланта 108:125,

Бруклин – Вашингтон 113:107,

Њујорк – Милвоки 103:109,

Минесота – Мемфис 109:101,

Њу Орлеанс – Торонто 126:108,

Оклахома – Сан Антонио 119:111,

Јута – Клиперс 125:112,

Сакраменто – Индијана 137:114,

ЛА Лејкерс – Портланд 128:109.