Бројот на загинати во големиот земјотрес кој ја погоди западна Кина се искачи на 93, а потрагата по преживеаните сè уште е во тек.

Минатата недела земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди кинеската провинција Сечуан, а најголем дел од штетата е регистрирана во тибетската автономна област Ганзе.

Според спасувачките служби, уште 25 лица се водат како исчезнати, а потрагата по преживеани и извлекувањето на телата беше комплицирана од обилните дождови и ризикот од лизгање на земјиштето, принудувајќи некои жители да се преселат во привремени засолништа.

Земјотресот го погоди главниот град на провинцијата, Ченгду, каде што 21 милион жители беа во строга изолација поради коронавирусот, што значи дека не им беше дозволено да ги напуштат своите згради.

Владата испрати помош во погодената област, односно шатори, ќебиња и храна.

Прикажи повеќе