Желбата за нешто слатко често се појавува кај секого, особено ако сте на диета и некои јадења ви се забранети. Но, за да не се грижите дали се храните здраво и диетално и да си ја задоволите желбата за благо, можете да приготвите десерт од корисни состојки.

Одличен избор се бомбици од сушено овошје – кајсии, урми, суво грозје. Додадете сечкани јаткасти плодови, најдобро е ливчиња од бадеми. Изрендајте темно чоколадо, додајте 70 грама овесни снегулки, по една лажица масло и мед, малку цимет. Во тенџере малку потпечете ги овесните снегулки, но внимавајте да не се препечат. Потоа истолчете ги во аван.

Одделно истолчете ги малку сечканите јаткасти плодови и сушени овошја, за да омекнат. Измешајте ги сите состојки, да добиете хомогена смеса. Од ова формирајте мали топчиња валкајте ги во топено чоколадо, какао или кокосово брашно. Оставете ги да се стегнат, па уживајте во вкусот на вашиот здрав десерт.