ПОВЕЌЕТО луѓе посакуваат желби додека дуваат роденденски свеќички, некои ги вкрстуваат прстите или чукаат на дрво со надеж за среќа, но еден од најчестите форми на барање среќа се наоѓа во бројки, особено во секвенци што се повторуваат.

Поради оваа причина, нумеролозите тврдат дека денешниот 11 ноември (11.11) ќе биде особено моќен датум.

Се вели дека броевите во нумерологијата носат уникатни и моќни вибрации, а бројот 11 се смета за главен број во нумерологијата. Бидејќи единаесет е толку моќен, 11.11. се смета за особено среќен датум.

Духовното значење на овој датум е за поставување намери, затоа не плашете се да направите желба. Иако тоа можете да го направите секој ден од годината, 11.11. е единствениот ден кој ви овозможува да ја искористите енергијата на овој магичен број цели 24 часа.

Оваа година, 11 ноември се паѓа во петок, денот со кој владее Венера, планетата на хармонијата, поврзаноста и социјализацијата. Замислувањето желби поврзани со љубов, рамнотежа и хармонија може да биде добар начин да се комбинираат нумерологијата и астрологијата за да се искористи оваа енергија максимално. Затоа направете желба, кој знае, можеби ќе ви се оствари.