Граѓани кои вечерва излегоа на протест пред Владата против францускиот претседател извикуваа „Бугар Османи оди си од тука“, барајќи оставка од шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

„Со фашисти не се преговара“, пишува на еден од транспарентите. Демонстрантите со себе ја носат и паролата „Македонец врие“, користена од лидерот на партијата Левица Димитар Апасиев.

„Не ја продавајте Македонија“ извикуваа тие. Повикаа и полицијата да им се придружи и да дојде со нив.

Ова е петтиот ден протести за отфрлање на францускиот предлог.