По вчерашните хулигански напади на полицијата пред зградата на владата, вечерва уште поагресивни напади пред Собранието.

Најмалку тројца полицајци се повредени од дивеењето на протестантите, кои покрај камења вечерва фрлаат и со молотови коктели кон полицијата.

Македонската полиција цврсто ја задржи ситуацијата под контрола, но протестот уште трае.