Полицијата употреби водени топови против демонстрантите во Мјанмар

Повеќе лица се повредени откако полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстранти во главниот град на Мјанмар, Најпјидо.

Во Мјанмар продолжуваат протестите поради преземањето на власата од страна на армијата. Демонстрантите бараат ослободување на лидерката Аунг Сан Су Чи и другите уапсени и враќање на демократијата во земјата.

Војската на Мјанмар на 1 февруари воведе вонредна состојба, ја презеде власта во државата и потврди дека уапсила високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и Аунг.

Власта ја презеде командантот на вооружените сили генерал Мин Аунг Хлаинг, кој смени 24 министри и заменици и менува 11 нови министри.